петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Кокшаров и Русија добија ракометна лекција од Исланд

Кокшаров и Русија добија ракометна лекција од Исланд

Ракометната репрезентација на Исланд е на чекор до втората фаза на Европското првенство (ЕП) во ракомет, затоа што во вториот дуел убедливо славеше над Русија (34-23) која е предводена од вардарецот Едуард Кокшаров.

„Зборнаја“ на Кокшаров беше инфериорна цела средба и константно бркаше резултат. Лошото отворање на мечот и само еден постигнат гол во речиси седум минути скапо ја чинеше Русија (5-1), а Исланд го стави во одлична позиција.

Иако без Сигурдсон во тимот, „рибарите“ лесно се справија со противникот. На средината на првиот дел резултатот гласеше 10-3, до паузата Русија намали на седум гола негатива (18-11), а во вториот дел, ниеднаш не отиде под негатива од осум гола. Највисоката предност која ја имаше Исланд на средбата беше десет гола.

Кај победникот, Елисон, Гудјонсон и Петерсон имаа по шест гола, а кај Русија, вардарецот Глеб Калараш заврши со шест гола. Од останатите, Шишкарев постигна четири, Атман двапати стрелаше, а Дибиров тресеше мрежа еднаш.

Исланд во групата има два од два, а во последното коло игра со Унгарија. Русија, пак, со два порази е на дното и последниот меч во групата е со фаворитот Данска.

извор: gol.mk