недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Комити со трогателна порака за Саздо: Оваа титула на Вардар е за тебе шампионе!

Комити со трогателна порака за Саздо: Оваа титула на Вардар е за тебе шампионе!

Најверните навивачи на Вардар, Комити со трогателна порака денеска му ја посветија втората европска круна на ракометниот клуб Вардар на својот другар од трибината Никола Саздовски – Саздо, кој лани почина по десет дена откако беше брутално претепан на автобуска станица во скопската населба Автокоманда.

Саздо беше дел од Комити, верен навивач на Вардар, а после величенствениот пречек на ракометарите на ародромот и на плоштадот Македонија, најверните навивачи со трогателна порака му ја посветија титулата.

„Минатата заедно ја прославивме, но оваа е за тебе шампионе, за твојата љубов кон Вардар и жртвата за Македонија“, стои меѓудругото во пораката на Комити.