На натпреварот против Охрид сериозно се повреди искусниот кружен напаѓач на Алкалоид и на македонската ракометна репрезентација, Костадин Петров.
Ракометарот на носилки беше изнесен од салата во Автокоманда и веднаш можеше да се претпостави дека се работи за сериозна повреда.
Петров ќе замине на оперативен зафат, за да ги реши проблемите на коленото. За него оваа сезона заврши и го чека пауза од неколку месеци. Најпозитивните прогнози се дека ќе биде подготвен за стартот на следната сезона.