Македонските млади ракометари покажаа желба и мотив за надигрување против Португалија, па иако се вратија од четири негатива и направија пресврт во вториот дел, на крајот потклекнаа под притисокот во последните 10 минути.
– Направивме и пресврт на натпреварот, одигравме борбено до крај и мислам дека ова беше машки натпревар. Покажавме дека вредиме против ваква Португалија, бидејќи сите знаеме за каква репрезентација станува збор.Жал ми е, имавме добри 50 минути, но на крајот пресудија последните 10 минути во кои до израз најверојатно дојде искуството. Не успеавме да изненадиме, но одиме во Португалија да одиграме уште еден добар натпревар, да се спротивставиме најдобро што можеме и да ја минеме оваа група, – изјави крилото Ненад Костески.