Германскиот ракометен клуб Рајн Некар Левен, е во потрага по нов тренер откако Мартин Швалб одлучи да се врати во тимот на Хамбург.
“Лавовите“ со ова го продолжуваат патот започнат по заминувањето на Николај Јакобсен во летото 2019 година. По него Кристијан Андерсон брзо ги истроши своите кредити, а корона пандемијата не дозволи да се излече реален заклучок за работата на Мартин Швалб.
Норвешките медиуми ја пренесуваат изјавата на селекторот на норвешката ракометна репрезентација Кристијан Берге, кој призна дека е во преговори со Р.Н.Левен.
Берге има догвор со репрезентацијата на Норвешка до 2025 година.