Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги нанзачи селекторите на младинските селекции на Македонија пред предизвиците кои следат.
Управниот одбор на федерацијата донесе одлука Јулијана Дамчевска да биде селектор на женската ракометна селекција до 19 години. На тренерското столче во женската ракометна репрезентација до 17 години седнува Кристијан Грчевски.
Јулијана Дамчевска во изминатиот период беше ангажирана во тимот на ЖРК Металург, додека Кристијан Грчевски доаѓа од машкиот суперлигаш Бутел Скопје.