четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Кристијансанд освои уште еден трофеј во женската ракометна ЛШ

Кристијансанд освои уште еден трофеј во женската ракометна ЛШ

Ракометарките на Вајперс Кристијансад се недопирливи во Лигата на шампионите каде вечерва дојдоа до уште еден потег со кој ја потврдија доминацијата во ова натпреварување.

Норвешкиот претставник славеше над Ференцварош со 28-24 и со тоа дојде до третиот трофеј во елитното натпреварување, односно уште најмалку една година останува на врвот на европскиот ракомет.

Скандинавките беа подобри на дуелот во Будимпешта, првиот дел го реализираа со 14-13, вториот со 14-11 што беше доволно за победа и нов европски трофеј.

Вјахирева и Андерсен дадоа по шест гола, кај поразените Лекиќ и Болк ја предводеа листата на стрелци со по пет погодоци.