недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Лагерген се враќа во Магдебург

Лагерген се враќа во Магдебург
201105 Albin Lagergren of Sweden during the EHF Euro Qualification match between Sweden and Romania on November 5, 2020 in Partille. Photo: Carl Sandin / BILDBYRÅN / kod CS / CS0080

Репрезентативецот на Шведска, Албин Лагерген, кој моментално настапува за Рајн Некар, реши да ги напушти редовите на „лисиците“ и да се врати во екипата на Магдебург.

Швеѓанецот од следното лето, па до јуни, 2026 година, ќе го носи дресот на Магдебург. Искусниот ракометар пред да се пресели во редовите на Рајн Некар, две сезони настапуваше за Магдебург, но не добиваше голема минутажа на терените.

Во следната сезона заедно со Омар Магнусон ќе го сочинуваат дуото на десната бековска позиција во Магдебург, со оглед на тоа дека репрезентативецот на Холандија, Кај Смитс ќе се пресели во редовите на Фленсбург.

Лагерген во својата кариера настапуваше и за екипите на Кристијанштад, Варберг и Редбергслидс. Член е на шведската репрезентација од 2016 година. Во националниот дрес на својата татковина има одиграно 86 меѓународни натпревари и постигнато 253 погодоци.