недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Лазаров без Манасков и Томовски на Медитеранските игри

Лазаров без Манасков и Томовски на Медитеранските игри

Ракометната репрезентација на Македонија со денешниот собир и официјало ги започна подготовките за настапот на Медитеранските игри што од 25 јуни до 5 јули ќе се одржат во Оран, Алжир.

Селекторот Кирил Лазаров уште на првиот ден од подготовките е приморан да направи промени бидејќи четворица ракометари го откажаа настапот на Игрите во Оран, тоа се Мартин Томовски и Марко Мишевски од Вардар, Дејан Манасков кој се подготвува за завршниот турнир во Лигатана шампионите како и пикерот на Тримо Требње, Милан Лазаревски.

Лазаров повика двајца нови ракометари во репрезентацијата, левиот бек, Теодор Тодески и голманот Иван Галевски и двајцата од РК Алкалоид.

Македонија се наоѓа во групата Б заедно со селекциите на Шпанија, Алжир, Турција и Грција.