По Струшкиот ракометен турнир, македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид одигра тест против Нексе на Бранко Тамше. И покрај поразот од 28-21, стратегот на Алкалоид, Кирил Лазаров, е задоволен од силната проверка.
„Нексе расте и постигна ниво кое е рамо до рамо со најдобрите во светот. Секоја чест за клубот, градот, претседателот. Ни беше чест, со оваа млада екипа, да одиграме пријателски натпревар кој многу ќе ни користи и верувам дека ќе продолжиме да соработуваме.Минатата сезона цел ни беше место во Европа, но на крај завршивме второпласирани. Европската лига е голем предивик, противниците се сличен квалитет како Нексе. Ќе играме машки, но нема да биде лесно. Европската лига е приближен квалитет како и Лигата на шампионите“, рече Лазаров.