Романката Кристина Неагу важи за една од најдобрите светски ракометарки, но многу скоро таа може да замине во пензија и да се посвети во друг сегмент на ракометната игра, пишуваат медиумите од Романија.
Неагу, која има 34 години и настапува на левата бековска позиција, по крајот на Европското првенство (ЕП) со Романија соопшти дека за неа ова беше последен континентален настап. Иако Романките се дел од Светското првенство, не е познато дали Неагу ќе игра на ракометниот собир.
Моментално, Неагу е дел од ЦСМ Букурешт. Засега нема конкретни информации дали таа ќе се пензионира, но на големо се зборува за тоа. Инаку, Кристина Неагу е најдобар стрелец во историјата на Европските првенства со 303 гола. И тоа и во машкиот и во женскиот ранкинг. Зад неа е Исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон со 288 гола.
Романката истовремено е и едиствениот играч со награда од ИХФ за најдобар играч на планетата, во 2010, 2015, 2016 и 2018 година. Најдоброто издание на Неагу беше во Будуќност во 2015 година кога ја освои Лигата на шампионите.