четврток, 7. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Лемго се збогуваше со Борко: Ти благодариме за твојата посветеност

Лемго се збогуваше со Борко: Ти благодариме за твојата посветеност

Искусниот македонски голман, Борко Ристовски ја заврши приказната со бундеслигашот Лемго на кого му му служеше изминативе месеци.

Борко дојде да му помогне на германскиот тим во тежок период и со своите партии на одредени натпревари ги оправда очекувањата, улогата што ја имаше.

-Пред да се збогуваме со 2022 година, исто така е време да му се каже збогум и на Борко кој ни помогна кон крајот на оваа година. Ти благодариме за твојата посветеност, за позитивното размислување и за важните одбрани. Ти посакуваме на тебе и на твоето семејство се најдобро во иднина, -порачаа од Лемго на што Ристовски порача:

-Сакам да му се заблагодарам на клубот, сите соиграчи како и на одличните навивачи за последните неколку седмици. Горд сум што бев дел тим какоЛемго, клуб на кој му посакувам многу успех и среќа во иднина, -истакна ветеранот кој се враќа во Вардар каде заедно со Мартин Томовски и Васил Гогов ќе се обидат да му помогнат на тимот да ги оствари зацртаните цели.