македонскиот ракометен шампион Вардар стигна до 16. победа во Суперлигата откако во 19. коло славеше над Прилеп со 20-34. „
Црвено-црните“ на Дејвис ја имаа фаворитската улога во пресрет на натпреварот, а истата ја потврдија уште во првото полувреме за до крајот стигнат до нов триумф,
Христи Бикоски и Давор Шокоски беа лидери на прилепскиот тим со по шест гола, додека два помалку постигна Гавашелишвил. Јан Чувара беше лидер на Вардар со пет гола, додека со по четири гола мечот го завршија Карапалевски, Џукиќ, Атанасовски и Ќосевски.