среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Летаат оставки по лошите резултати на ЕП: Се бара одговорност и од Кокшаров

Летаат оставки по лошите резултати на ЕП: Се бара одговорност и од Кокшаров

По лошите резултати постигнати на Европското ракометно првенство оставка поднесе селекторот на Украина, Сергеј Бебешко.

Смена на селекторската позиција се очекува и во руската ракометна репрезентација која натпреварувањето го заврши со три порази и 22 место.

Претседателот на руската ракометна федерација, Сергеј Шишкарев преку медиумите му испрати порака на селекторот Едуард Кокшаров.

-Очекувам одговорни чекори од страна на тренерот. Ако сака да почека да се состане Извршниот одбор, нека почека, но според мене во ваква ситуација, одговорни луѓе превземаат одредени чекори. Му давамна селекторот еден ден да размисли за тоа и да донесе одлука. Ја прифаќам и вината на федерацијата, направивме лоша проценка. Тимот назадуваше во поглед на тактиката, психологијата и одговорноста. Секако, ќе донесеме заклучоци, никој нема да обвинува некого заради тоа, истакна Шишкарев.

Кокшаров по првенството истакна дека размислува за поднесување оставка.