четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Лино Червар пак е во Скопје, овој пат само мерка од трибините (ФОТО)

Лино Червар пак е во Скопје, овој пат само мерка од трибините (ФОТО)

Светското првенство (СП) во ракомет за играчи до 19 години, кое денеска почна во Скопје, е причината што голем број познати ракометни лица се појавија на трибините во салите „Јане Сандански“ и „Борис Трајковски“, меѓу кои е и поранешниот македонски селектор и тренер на Металург, Лино Червар.

Овој пат, тој беше во сосема поинаква улога и тоа како предводник на најдобрата селекција на Хрватска и тоа како „суперконтролор“ на настапот на „коцкестите“ на Мундијалот во нашата земја. Червар виде една моќна хрватска кадетска селекција со оглед на убедливата победа над Норвешка (32-22), а средбата ја следеше во друштво на поранешниот претседател на „металурзите“, Левче Китевски.