Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе настапи на Медитеранските игри во Алжир. Иако се очекуваше селекторот Љубомир Савевски да повика најсилен арсенал на ракометарки со цел да го воигрува тимот за Европското првенство, нема да биде така.
Од списокот изостанаа интернационалните имиња како Ристовска, Мицевска, Гичевска, Петковска, Штериова, Дабевска, Јанеска и Саздовска. Од ракометарките кои настапуваат во странство, на списокот остана само Андреа Седлоска, а тука се многу млади ракометарки од домашното првенство.