После Леонида Гичевска хрватскиот женски клуб Локомотива Загреб ја информираше јавноста дека нова ракометарка на тимот е и Сања Дабевска.
Така, вкупно три Македонки Андреа Седлоска заедно со Гичевска и Дабевска ќе бидат дел од Лигата на шампионите следната натпреварувачка сезона 2022/2023.
Во текот на ланската сезона Дабевска ги бранеше боите на романската екипа Дева.
А исто така беше дел и од унгарскиот тим на Дувајварош. Претходно настапуваше уште за Јонијас од Грција, а во нашата земја играше за Куманово, Пелистер, Металург и Гостивар.
Локомотива Загреб во ЛШ е во групата „Б“ со Мец, Рапид Букурешт, Будуќност, Сторхамар, Тим Есбјерг и Кастамону.