вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Лоши вести за РК Вардар, Чувара го повреди коленото

Лоши вести за РК Вардар, Чувара го повреди коленото

Голем пех доживеа Вардар денеска на гостувањето во Бутел, кое црвено-црните го добија со 30-24, откако минута пред крајот на мечот крилото Јан Чувара го повреди коленото.

Одличниот полски ракометар во самата завршница од мечот при еден дуел доби удар во коленото, по што не можеше ни да стапне на нога, па соиграчите на раце го изнесоа од теренот на клупата за резерви.

Колку е сериозна повредата на коленото на Чувара ќе се знае после лекарските прегледи кои треба да бидат направени врз неговото колено.