недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ЖРК ВАРДАР: Најдобриот стрелец на тимот ја завршува кариерата

Со крајот на оваа сезона завршува и нејзиниот договор со Вардар. Пенезиќ во македонскиот шампион пристигна во 2014-та година. 
ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ЖРК ВАРДАР: Најдобриот стрелец на тимот ја завршува кариерата

Една од најдобрите ракометарки на Вардар, Андреа Пенезиќ најверојатно ќе се збогува со ракометот по завршувањето на оваа сезона.

32-годишната Пенезиќ во интервју за ТВ Арена изјави дека во јуни ќе ја заврши кариерата со цел да се посвети на други моменти од животот. Хрватската ракометарка планира да му посвети повеќе внимание на семејството и да ги доврши студиите.
Со крајот на оваа сезона завршува и нејзиниот договор со Вардар. Пенезиќ во македонскиот шампион пристигна во 2014-та година.
Пенезиќ посакува кариерата да ја заврши со трофејот од Лигата на шампионите. Вардарки играат во најдобра форма во моментов и важат за едни од најсериозните кандидати за освојување на европскиот трон.