Денес во Будимпешта се одржа ждрепката за завршниот турнир во Лигата на шампионите во женска конкуренција.
Во првото полуфинале најуспешниот колектив Ѓер го доби дебитантот на завршницата Есбјерг, додека актуелниот првак Виперс Кристијансанд ќе се судри со француски Мец.
Полуфинални парови за сезона 2021/22:
- Ѓер – Есбјерг
- Мец – Виперс Кристијансанд
Титулата од ланската сезона ја брани екипата на Виперс Кристиансанд. Завршниот турнир ќе се одигра во Будимпешта на 4/5 јуни.