недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Лук Абало не размислува за пензија

Лук Абало не размислува за пензија

Ова дефинитивно никој не го очекуваше, француското десно крило направи сензационален трансфер. Лук Абало, легендарниот играч на француската репрезентација иако се најавуваше дека ќе се пензионира на крајот од оваа сезона, тоа нема да се случи.

Досега ги бранеше боите на ПСЖ, 35-годишниот ракометар одлучи следната сезона да ги брани боите на норвешкиот клуб Елверум.

Ова е сигурно голем потег на Норвежаните кои се редовни учесници во Лигата на шампионите, но без големи успеси.

Со Абало Елверум сигурно ќе ја подобри уште повеќе реализацијата, во текот на својата кариера на клупски план беше дел и од Иври, Сиудад Реал и Атлетико Мадрид.

Со репрезентацијата освои златни олимписки медали во 2008 и 2012 година, трипати европски и светски шампион. Севкупно 779 голови во 253 натпревари за „триколорите“.