Репрезентативниот бек на женската ракометна репрезентација Симона Маџовска пред стартот на првенството вели дека таа и соиграчките одвај чекаат да почне шампионатот.
„Како се наближува почетокот на првиот натпревар, така се зголемува и возбудата и адреналинот кај нас. Самото пристугнување на другите репрезентации, но создава позитивна трема и возбуда, па затоа одвај чекаме да почне шампионатот. Голема чест и задоволство ни е да играме против една велесила како Франција, па затоа ние немаме што да изгубиме. Тие ќе нападнат и медал, опасноста доаѓа од сите страни. Малку бевме скептици бидејќи картите беа прилично скапи за наши услови, но верувам дека ќе имаме голема поддршка на мечевите во СЦ „Борис Трајковски“, изјави Стојковска.
Македонија шампионатот го почнува на 5. ноември со мечот против актуелниот олимписки шампион Франција. Два дена подоцна играме со Холандија, додека првата групна фаза ја завршуваме со мечот против Романија на 9. ноември.