петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Магдебург е прв шампион во првото издание на Европската лига на ЕХФ

Магдебург е прв шампион во првото издание на Европската лига на ЕХФ

Германскиот ракометен гигант Магдебург е прв шампион во првото издание на Европската лига на ЕХФ, инаку поранешен ЕХФ Куп.

Тие во финалето го совладаа познатиот ривал од бундеслигата, екипата на Фуксе Берлин со 28-25.

Тимот на Бенет Вигерт доминираше во првиот дел, а потоа ја одбрани предноста во продолжението.

Одличната одбрана на Магдебург беше клучна за конечната победа. Фуксе на момент се врати во игра, но немаше сили за пресврт. Најблиску што стигна тимот од Берлин беше 25-23, но потоа заигра на посакуваното ниво за да ја обезбеди титулата.

Хорнке и Магнусон со по седум гола беа најефикасни кај победникот.

Ветеранот Линдберг со осум погодоци беше прво име кај поразената екипа.