сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Магдебург го претстави новото засилувања за новата сезона

Магдебург го претстави новото засилувања за новата сезона

Германскиот ракометен вицепрвак Магдебург го претстави новото засилување за следната сезона.

Станува збор за голманот Сергеј Хернандез, кој редовите на бундеслигашот ќе ги засили од Бенфика.

Голманот со руско потекло за ланскиот освојувач на Лига на Европа настапува од 2020 година.

Раководството на Магдебург и повремениот репрезентативен голман на Шпанија се договорија на соработка, со важност до 30 јуни, 2025 година.