понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонија го освои првиот сет на ЕП во ракомет на плажа

Македонија го освои првиот сет на ЕП во ракомет на плажа

Женската ракометна репрезентација на Македонија освои сет на Европското првенство (ЕП) во ракомет на плажа во Португалија но повторно загуби во мечот за разигрување за пласман.

Во првиот дуел нашите ракометарки загубија од Италија со 1-2 во сетови (12-28, 15-12, 4-6). Вториот сет беше првиот кој избраничките на Мојсовски успеаја да го освојат на овој еврошампионат.

Најдобра кај Македонија кај стрелците беше Бојана Диневска со девет поени, ја следеше Теодора Гулицовска која имаше шест поени, а Теодора Маркоска и Пена Граматикова реализираа по четири поени. Кај Италија, Ванесиа Диогап имаше десет, пред Мартина Мациери со осум поени.