вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонија игра добро: Предност во првото полувреме против Чешка

Македонија игра добро: Предност во првото полувреме против Чешка

Македонската репрезентација по првото полувреме води со 13-11. Во составот е и Кирил Лазаров, иако влезе само еднаш за да реализира удар од седум метри.

Четири одбрани на Борко Ристовски на стартот, изнудени технички грешки на противникот и секако добра реализација во нападот, ја одведоа Македонија на 4-1 во шестата минута. Стрелаа Талески, Георгиевски и на двапати Миркуловски.

По две пробивања на Мартин Велковски, Чешка доби шанса да го постигне вториот гол за 4-2 во 10. минута. Но младиот и надежен ракометар во следната акција се поправи, асистираше за 5-2. Лазаров сепак влезе во игра и тоа да реализира седмерец за 6-2, а противникот доби исклучување, но во меѓувреме постигна два гола. Јакуб и Томас намалија на 6-4 на средината на првото полувреме.

Велковски кој имаше трема разбирливо тешко играше, но неговата втора асистенција до Стоилов значеше 8-5 за Македонија. По погодокот на Задрахала, токму овој млад ракометар ја врати позитивата на три гола 9-6 во 22. минута. Две минути подоцна по неискористениот напад на Чешка, Манасков и Пешевски ја вратија позитивата од четири гол 11-7, која ја имавме и на три минути до крајот на полувремето (погоди Велковски).

Чешка успеа некако да се врати, со два гола во серија намали на 12-10, но Манасков на асистенција на Велковски ја врати позитивата од три гола 13-10. Сепак не успеавме да ја сочуваме предноста, противникот реалзиираше за 13-11.

Манасков, Велковски, Талески, Миркуловски и Стоилов имаат по два погодоци, додека Ристовски има седум одбрани.