Maкедонската машка ракометна репрезентација денес го одигра реваншот од баражот за Светското првенство против Романија во Букурешт.
За разлика од Скопје македонските ракометари прикажаа послаба игра, Романците во поголем дел од натпреварот го имаа водството и на крајот победија со 24-22.
Во првото полувреме најголемата предност на Романците беше +3 (8:11). Но до крајот ние успеавме да изедначиме на 12:12.
Слична беше сликата на теренот и во второто полувреме. Романија не покажуваше кој знае како квалитет, меѓутоа и ние не бевме на нивото од натпревароит од пред два дена. Како игравме денес доволно зборува тоа што имавме период од девет минути без постигнат од 36. до 48. минута.
Најефикасен кај нас беше Лазаров со шест гола од 11 обиди, шест на спротивната страна постигна и Хавиер Хумет кој го пропушти натпреварот во Скопје.
За место на СП Македонија благодарение на победата во Скопје од 30:22 сега ќе игра против Чешка во двомечот кој е закажан за април.