четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонија против Црна Гора на 27 и 28.декември

Македонија против Црна Гора на 27 и 28.декември

Машката ракометна сениорска репрезентација на Македонија на 20 декември ќе ги започне подготовките за настапот на Светското првенство во Полска и Шведска.

Избраниците на Кире Лазаров ќе одиграат две пријателски средби на 27 и 28 декември против селекцијата на Црна Гора.

Избраниците на селекторот Зоран Рогановиќ ќе имаат и две проверки против Катар во Доха на 3 и 5 јануари, од каде што патуваат за Краков каде на 12 јануари играат против Шпанија на стартот на СП.

Македонија, по ревијалниот натпревар против ветераните, заминува за Пореч, каде по двете контроли со Хрватска и Израел, ќе замине за Краков.