вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонска репрезентативка потпиша за шампионот Ѓорче Петров

Македонска репрезентативка потпиша за шампионот Ѓорче Петров

Македонскиот шампион во женска конкуренција Ѓорче Петров продолжува да се засилува за новата натпреварувачка сезона, 2022/23, во која ќе ја брани освоената титула во домашниот шампионат.

По ангажирањето на ракометарката од Феникс, Емилијана Ризоска, клубот од Ѓорче Петров донесе нова репрезентативка во своите редови.

Станува збор за Марија Јанкуловска, која настапува на позиција лев бек и која во Ѓорче Петров ќе пристигне од Пелистер. Јанкуловска на Светското првенство за кадетки, на кое нашата држава беше домаќин, се покажа во одлично светло и добрите настапи во националниот дрес и донесоа трансфер во актуелниот шампион на Македонија.

Битолчанката минатата сезона во домашниот шампионат беше меѓу најдобрите стрелци, постигна вкупно 195 погодоци и заедно со екипата на Пелистер учествуваа во плеј-оф фазата, каде што беше освоена 8. позиција на табелата.