Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за првите четвртфинални натпревари во женската Лигата на шампиони.
Двојката од Македонија, Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе го судат „мечот на неделата“ според ЕХФ.
Тоа е натпреварот меѓу унгарскиот Ференцварош и францускиот Мец што ќе се одигра во градот Ерд.
Мечот е на програмата на 29 април со почеток од 16:00 часот, а делегати се Фулеова од Словачка и Фрешер од Словенија.