Македонската машка ракометна репрезентација од денеска ги почнува подготовките за претстојните два квалификациски дуели за пласман на Европското првенство, а противник ни е селекцијата на Португалија.
Селекторот Кирил Лазаров за овие две средби се реши не ги повика Дејан Манасков и Гоце Георгиевски и да им даде шанса на играчи кои во иднина треба да бидат носители на играта на националниот тим.
На списокот доминираат ракометари од домашниот шампионат кои го носат дресот на Еурофарм Пелистер и Алкалиод.
Во репрезентацијата се враќаат Марио Танкоски и Мартин Велковски, а во составот е и крилото на Вардар, Ален Ќосевски. За разлика од последниот Мундијал на списокот ги нема и Александар Петковски и Давид Савревски.
Прозивката ќе се одржи во Скопје, а првиот натпревар го играме в четврток во арената Борис Трајковски.
Почетокот на натпреварот е закажан за 19 часот, а в недела на програмата е вториот дуел со Португалија.