понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонскиот репрезентативец Петров направи трансфер во Исланд

Македонскиот репрезентативец Петров направи трансфер во Исланд

Костадин Петров, од следната сезона ќе ги брани боите на Тор Акурејри, предводена од македонскиот тренер Стевче Алушовски.

Нашиот репрезентативец Петров потпиша договор еден плус еден со можност соработката да биде проодолжена за уште една сезона.

Претходно пивотот ги бранеше боите на Вардар 1961, Металург, Сучеава (Романија), Гвадалахара (Шпанија), Пелистер, Радовиш, Драчево, Куманово, Овче Поле и Борец.

Летово Петров беше во националниот состав предводен од Кирил Лазаров на Медитеранските игри во Оран (Алжир) во кои на шест натпревари постигна 14 голови.