понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонските екипи ги добија противниците во Европските купови

Македонските екипи ги добија противниците во Европските купови

Четирите македонски претставници во европските клупски натпреварувања во женска конкуренција денеска ги добија противниците во почетната фаза од Европскиот куп.

Шампионот ЖРК Ѓорче Петров новата сезона ја отвора со дуелот против КА Пор од Исланд, додека Чаир ќе се соочи со претставникот на Косово, Истогу.

Ракометарките на Куманово се среќаваат со Макаби Рамат Ган додека Металург во почетната фаза од натпреварувањето ќе игра со солунски ПАОК.

Првите квалификациски дуели се играат на 8/9 октомври, а реванш мечевите на програмата се седум дена подоцна.