Македонската ракометна репрезентација ќе се одигра пријателски натпревари со Србија во рамки на подготвителниот период за Светското првенство во Германија и Данска.
Натпреварите ќе се одиграат на 4 и 5 јануари во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Првиот е закажан за во 20 часот и ќе биде од отворен тип со слободен влез.
Вториот натпревар ќе биде од затворен тип.
-Ракометната Федерација на Македонија ги поканува сите љубители на македонскиот ракомет да бидат дел од овој подготвителен период на Македонија и да дадеме поддршка за претстојното СП 2019, стои во апелот на РФМ.