Македонската ракометна репрезентација слета на аеродромот во Краков, Полска каде ќе настапи на 28-от ракометен Мундијал.
Нашите репрезентативци попладнево ќе го одржат првиот тренинг во Краков. Селекторот Кирил Лазаров вчера ги одреди ракометарите кои патуваат за Полска.
Од списокот со 21 ракометар отпаднаа Марко Кизиќ, Цветан Кузманоски и Давид Савревски.
На шампионатот учествуваат 32 репрезентации поделен во осум групи со по четири учесници. Првите тројца напредуваат во главната рунда.
Во четирите главни групи ќе биде и македонската репрезентација која ќе игра во групата Ф заедно со Норвешка (13 јануари), Холандија (15 јануари) и Аргентина (17 јануари).