Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ја доби групата за Европското првенство кое во ноември ќе се одржи во нашата земја, Црна Гора и Словенија.
Македонија се падна во тешка група, со нас во групата Ц се селекциите на Франција, Холандија и Романија.Во следната фаза продолжуваат трите најдобри од групата.
Европското првенство се игра во Македонија, Црна Гора и Словенија од 4 до 20 ноември.
Натпреварите кои ќе се играат во Скопје ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“.