сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонските ракометни надежи ја совладаа Унгарија, ќе се борат за деветото место на СП

Македонските ракометни надежи ја совладаа Унгарија, ќе се борат за деветото место на СП

Македонската ракометна репрезентација до 19 години славеше над врсниците од Унгарија со 22-20 и со оваа победа обезбеди најмалку десето место на Светското првенство.

Македонските ракометари од почеток ја наметнаа својата игра со цврста одбрана и динамична игра во нападот. Почнавме добро, имавме водство од 5-3, но тогаш следуваше голем пад, Унгарија направи серија од 5-0 и поведе со 8-5. Потоа се кренавме и на одморот се замина со нерешени 12-12.

Вториот дел почна уште потврдо и изедначено и уште повеќе напади и на двете страни завршуваа без ефект, но истрајноста и карактерот на нашите репрезентативци се исплати некаде од 45. до 50. минута кога со серија од три гола поведовме со 21-17. Конечниот резултат беше 22-20.

Калајџиески и Александар Петкоски постигнаа по пет гола, четири додаде Самоил Ристевски, додека Галевски забележа 11 интервенции.

Утре од 20 часот, Македонија ќе се соочи со Чешка, која денеска беше подобра од Саудиска Арабија со 36-33. Победникот од тој дуел ќе биде деветти на Мундијалот, поразениот десетти.