Како една од најдобрите судиски двојки во Европа, искусите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се одбрани од страна на ЕХФ да го судат финалето на ракометното Европското првенство (ЕП).
Најдобрите македонски судии досега имаат судено едно финале, на Светското првенство за младинци, а ова ќе им биде прво финале во сениорска конкуренција.
Финалето на овогодинешното ЕП е закажано за оваа недела од 16:30 часот.