Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков по долга пауза повторно е на теренот. Тој по осум месеци се врати во тимот на Веспрем на денешниот меч против Алборг во четврт-финалето од Лигата на шампионите.
Манасков успеа да постигне и еден погодок во триумфот на Веспрем од 36:29.
Реваншот се игра за шест дена на теренот на ривалот.