Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков ќе се раздели со унгарскиот гигант Веспрем на крајот на сезоната, па од следната сезона левото крило ќе го гледаме во друга екипа.
Манасков веќе пет сезони е дел од унгарската екипа, каде што пристигна од Рајн-Некар Левен, додека претходно ги носеше дресовите на Вардар, Вецлар и Металург.
Левото крило во моментов е на рехабилитација по тешката повреда на коленото, која ја заработи во октомври.