Оваа сезона во ЕХФ Европскиот куп во женска конкуренција за титулата во финалето ќе се борат Анталија Коњалти БСК од Турција и Клуб Балонман Атлетико Гуардес од Шпанија.
Реванш натпреварот од овој финален двомеч ќе се игра на 7 мај во Анталија кога ќе се дознае победникот во ова клупско натпреварување.
Возвратниот дуел кој ќе се игра од 19.00 часот ќе го судат Марија Илиева и Силвана Карбеска од Македонија.
Првите 60 минути се закажани за 30 април, а тогаш судии ќе бидат Марина Дуплии и Олена Победрина од Украина.
Потсетување дека за екипата на Анталија Коњалти БСК настапуваат двете наши ракометарки Ивана Гакидова и Моника Јанеска.