четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Марјан Начевски: Жртва сум ,ќе поднесам тужба и ќе се жалам до секој суд

Марјан Начевски: Жртва сум ,ќе поднесам тужба и ќе се жалам до секој суд

Македонската спортска јавност е изненадена од исфрлањето на Марјан Начевски од ракометот, по пријавата на членот на Управниот одбор на Ракометната федерација , Мирјета Бајрамовска. Начевски, е силно изненаден и повреден од пријaвата и обвинувањата и смета дека е жртва на Бајрамовска и нејзиниот став.

„Зачуден сум од целиот развој на оваа ситуација. Поради еден разговор во интерес на ракометот јас сум виновникот и треба да ме исфрлат од спортот за кој го дадов цел мој живот. Вчудоневиден сум од хајката која се води против мене.  Јас ли сум навредувал федерација, држава и ракометари? Јас кој со децении се борам за овој спорт, како за моето семејство. Јас само упатив критика дека сме уште далеку од големите првенства и дадов предлог што треба да се преземе за да ја подобриме женската репрезентацијата. Ако за тоа сум виновен, нека ме казнат. Никој не бил доживотно казнет за вербален дуел“, раскажува Начевски.

Поранешниот судија, а сега ракометен делегат и голем авторитет во светски рамки, го објасни и начинот на кој ја примил пријавата во федерацијата.

„На седницата не беше присутен генералниот секретар на Ракометната федерација или неговиот заменик. Тоа е против статутот. Не се соочив ни со Мирјета. Само ми побараа изјава, а не ми го доставија предметот, да видам за што сум виновен, па да дадам изјава. Во статутот никаде не е предвидено дека поради вербален дуел може некој да се казни со доживотна суспензија. Ова е наместен слулај, затоа што отворено водам кампања дека актуелниот генерален секретар не смее да врши таа функција, бидејќи тоа се коси со законот за спорт. Ќе се жалам до второстепената комисија и случајот ќе го однесам и на граѓански суд. Ќе поднесам тужба против Мирјета Бајрамовска, а ќе го контактирам и судовите на ЕХФ и на ИХФ“, заврши Начевски.

.