Македонскиот ракометен голман Мартин Томовски го одигра својот најдобар меч во кариерата предводејќи го Лудвигсхафен до победа на гостувањето против Ерланген со 19-24.
Томовски собра вкупно вкупно 17 интервенции, со што беше најзаслужен за триумфот со кој Лудвигсхафен си ги зголеми минималните шанси за опстанок во елитното германско ракометно друштво. Само за потсетување, ова се последните натпревари на Томовски во Бундес-лигата бидејќи македонскиот репрезентативец веќе го договори својот камбек во мак-ракометот, во редовите на шампионот Вардар.
Победите на македонските репрезентативци во Бундес-лигата ги комплетираше Филип Кузмановски, кој со Хановер триумфираше на гостувањето против Лемго (24-26), меч на кој македонскиот бек постигна три погодоци.