Патот на машката репрезентација на Македонија до учество на ново Светско првенство ќе биде олеснет за разлика од претходниот пат кога моравме да поминеме две пречки.
За пласман на СП 2025 година што ќе се игра во Данска, Хрватска и Норвешка, Македонија ќе игра само еден бараж.
Претквалификациите или првата фаза ќе се играат во ноември годинава. Потоа во март догодина, ќе биде одигран првиот дел од втората фаза, а тогаш паралелно ќе се одвиваат и олимписките квалификации за ОИ 2024 година.
Во втората недела од мај 2024 ќе биде главното за Македонија и за учесниците од ЕП 2024 година, кога ќе бидат одиграни 11 бараж средби за СП 2025.