Со приклучувањето на Жарко Пешевск машката ракометна репрезентација од денеска е во комплетен состав пред двомечот со светскиот шампион Данска.
Кирил Лазаров кој ќе ја има двојната улога на селектор и капитен на ракометната репрезентација од денеска на располагање ќе ги има сите ракометари кои се најдоа на неговиот список за двомечиот со актуелниот светски и олимписки шампион Данска.
Првиот дуел против Данците нашите ракометари ќе го играат во четврток (11 март) од 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека возвратниот меч на програмата е на 14 март во Алборг (од 16:00 часот).