петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Матлиески и Голден Арт ја прекинаа соработката

Матлиески и Голден Арт ја прекинаа соработката

Ракометниот клуб Голден Арт ја информира македонската спортска јавност дека спогодбено ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб Никола Матлиевски.

Од името на клубот му се заблагодарија на Матлиески за досегашната соработка и за неговиот придонес во развојот на проектот и му посакаа многу успех во следните ангажмани.

Голден Арт е дел од плеј-аутот во македонскиот шампионат и разделбата доаѓа по победата над Јуниор КВ (30-25).

Клубот во текот на следните неколку дена ќе информира за новото решение за прв тренер на клубот, со кој ќе ја продолжи борбата за опстанок во најквалитетното ракометно натпреварување на Македонија.

foto: ekipa.mk