Рускиот ракометар Глеб Калараш, на крајот на оваа сезона ќе си замине од бундеслигашот Мелсунген.
Рускиот интернационалец доби понуда за продолжување на договорот од германскиот клуб, тој потпиша, но раководството се премисли и не го ставија нивниот потпис.
Тие се интересираат за унгарскиот репрезентативец Адриан Сипос, кој на лето заминува од Веспрем и многу веројатно ќе се пресели во Мелсунген.