По Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, Даниело Божиновски и Виктор Начевски, Македонија е на добар пат да ја добие и третата судиска двојка со ИХФ значка.
Toa се Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе бидат дел од претстојното Светско првенство за кадети што ќе се игра во Хрватска и ќе полагаат за ИХФ значка заедно со уште три други двојки.
Двајцата добија номинација од страна на Светската ракометна федерација, а нашата федерација ги потврди како кандидати за полагање. Денеска ИХФ и официјално објави дека Металари и Николовски се наоѓаат на списокот.