Ракометниот клуб Металург од Скопје вечерва од 20.45 часот ќе го игра првиот од двата закажани натпревари со Висла Плоцк во рамките од Лигта на Европа.
Полскиот вицепрвак ќе ја има улогата на апсолутен фаворит, не само поради фактот дека Висла е со максимален ефект во досегашните средби во групата од ЛЕ, туку и поради тоа што Металург сериозно ослабен отпатува во Полска.
„Знаете дека сме некомплетни за овој дуел, знаете каква ни е целата ситуација. Во Плоцк сме дојдени со три поискуни играчи и речиси со младинската екипа. Очекуваме да изиграат многу подобро отколку што изиграа со Чеховски Медведи. Очекувам да видам борба, желба за топка, желба за надигрување. Резултатот како резултат воопшто не ни е во преден план. Овие натпревари целата ситуација од една страна можеби е хендикеп, но од друга е шанса плус за младите играчи. Ова го кажувам од аспект што овие млади играчи не собираа искуство во Супер лига за да играат во Лига Европа, туку собираат искуство во Лига Европа за да играат во Супер лига“, изјави Димитриоски во пресрет на вечерашниот дуел.
Вториот натпревар меѓу Висла и Металург на програмата е во вторник, повторно на теренот на противникот.