Познат е и распоредот на натпреварите на ракометниот клуб Металург во групната фаза од второто по квалитет ракометно натпреварување – Лигата на Европа.
Тимот на Зоран Кастратовиќ почнува со гостување кај екипата на Тулуз, а во второто коло во Скопје ја пречекува екипата на Висла Плоцк.
Тимот од Автокоманда по две средби ќе одигра во октомври, во ноември и во декември, додека последните четири натпревари на програмата се во февруари и во март следната година.
Распоред на натпреварите:
01. Коло (20.10.2020): Тулуз – Металург
02. Коло (27.10.2020): Металург – Висла Плоцк
03. Коло (17.11.2020): Адемар Леон – Металург
04. Коло (24.11.2020): Металург – Фиверс
05. Коло (01.12.2020): Металург – Чеховски Медведи
06. Коло (08.12.2020): Чеховски Медведи – Металург
07. Коло (09.02.2021): Металург – Тулуз
08. Коло (16.02.2021): Висла Плоцк – Металург
09. Коло (23.02.2021): Фиверс – Металург
10. Коло (02.03.2021): Металург – Адемар Леон